Дибиров сака да остане верен на Вардар: Имам понуди од други клубови, но…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот репрезентативец и лидер на тимот на Вардар, Тимур Дибиров во интервју за специјализираниот сајт за ракомет „Балкан Хендбол“ изјави дека сака да остане во Вардар и покрај сите проблеми.

Русинот кој заедно со Столе Стоилов имаат најдолг стаж во клубот кој се уште е актуелен европски првак посочи дека сака да остане во Скопје затоа што тука се чувствува како дома.

„Имам понуди од клубови кои играат во Лигата на шампионите, но имам сила да чекам до крај и нормално дека би сакал да останам тука затоа што тука се чувствувам како дома“ –изјави Дибиров.