Интер почна да бара замена за Мартинез и веќе има еден кандидат!?


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Светските медиуми шпекулираат дека во летниот преоден рок Лаутаро Мартинез ќе му биде продаден на тимот на Барселона, зашто Интер е свесен дека не може да го задржи Аргентинецот.

    Ако Интер го продаде Мартинез, сигурно нема да им недостигаат пари за квалитетно засилување. Наводно, тоа би можел да биде одличниот голгетер, Дуван Запата.

    Запата му се допаѓа и на тренерот Антонио Конте, кој би можел да го игра заедно со Ромелу Лукаку во нападот на „нераѕурите“.

    Аталанта во јануари официјално го откупи Запата од Сампдорија, па нив ги чинеше околу 25 милиони евра, додека би можеле да го продадат за двојно повеќе, односно 50 милиони евра.

    Запата од пристигнувањето во Аталанта одигра 66 меча и постигна 40 голови и 14 асистенции.