Ивановски храбро се бореше, но остана без титула во Тунис


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски загуби во финалето во Тунис од домашниот тенисер Моез Ечаргуи со 6-3, 3-6 и 6-7.

Ивановски го освои првиот сет со 6-3 и имаше одличен почеток, по што следеше пад во играта, а тоа го искористи Ечаргуи кој со 6-3 израмни на 1-1 во сетови.

Во третиот сет се водеше голема борба меѓу тенисерите на теренот, а во тај-брејкот подобар беше Ечаргуи со 7-5 и така ја освои титулата.