Јорганџиите не се шегуваат, доаѓаат по Игуаин со понуда од соништата!

На адреса на Наполи за Гонзало Игуаин пристигна од понуда од Атлетико Мадрид која тешко може да се одбие.

Атлетико е спремен да оди далеку за да го доведе аргентинскиот голгетер во своите редови.

Верувале или не, Атлетико Мадрид на италијански Наполи му нуди сума од 50 милиони евра и двајцата фудбалери на овој клуб Оливер Торес и Лусијано Вието кои се исклучително вредни од финансиски аспект.

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, сака да го задржи Игуаин во своите редови, но секако дека ова е понуда за која мора да размисли.