Леклер предвреме ја заврши трката и врескаше на цел глас (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер кој е еден од фаворитите за титулата ја заврши трката во Франција предвреме, откако излета од патеката и удри во заштитниот ѕид.

Леклер имаше добар почеток и делуваше дека има сè во свои раце, а потоа една грешка го направи да збесне од нервоза.

Младиот возач на Ферари од нервоза почна да вреска на цел глас, а неговото испаѓање од трката го искористи Макс Ферстапен, кој славеше на крајот во Франција.