Нема да гледаме ниту ракомет: Откажан е мечот меѓу Вардар и Пик Сегед!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ниту СЕХА-лигата, ниту ЕХФ не успеаа да ја добијат битката против опасниот коронавирус, кој ги одложи натпреварите во регионалната лига, како и во Лигата на шампиони.

Најпрво беше објавено дека Вардар нема да се пресмета против Нексе во СЕХА-лигата, а веднаш потоа беше соопштено и дека мечот меѓу Вардар и Пик Сегед закажан за 21 март е откажан.

На прес-конференцијата на која требаше да се најави мечот против Нексе беше објавена информацијата за одложување на споменатите натпревари.

„Пристигна информација дека откажани се натпреварите во СЕХА-лигата и во ЕХФ Лигата на шампиони. Повеќе засега не може да кажеме, освен дека ќе ги почитуваме сите правила“, порачаа од Вардар.