“Потера” за Тусенд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Њукасл се наоѓа на мета на дури шест клубови од Премиер лигата.

Пристигна во Њукасл во јануарскиот преоден рок и беше еден од најдобрите во редовите на англискиот клуб во втората половина од сезоната.

Сепак неговите добри настапи не беа доволни Њукасл да остане во Премиер лигата и наредната сезона, сепак многу лесно би можело да се случи поранешниот фудбалер на Тотенхем да го напушти тимот на Рафа Бенитез и во новата сезона повторно да игра во Премиер лигата.

Интересот за неговите услуги е голем, а како што пренесува “Скај Спорт” дури шест клубови од Премиер лигатата се заинтересирани да го доведат во своите редови.

Во прашање се Саутемптон, Норвич, Евертон, Стоук, Вотфорд, Свонси и Кристал Палас.

Неговата клазула изнесува 12 милиони фунти што е сума која секој клуб би можел да ја плати.