Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голден Стејт Вориорс потпишаа договор со ветеранот Дејвид Вест кој за 1 година ќе заработи 1.55 милиони долари.
Исто така Вориорс го доведе и Заза Пачулија кој потпиша 1-годишен договор, а се заинтересирани уште за Џермејн О’Нил и Реј Ален.
Вест минатото лето потпиша договор со Сан Антонио Спарс. Тој имаше учинок 7.1 поен, 4 скока за 18 минути по натпревар. Кошаркарот кој два пати учествуваше на ОЛ-Стар и кој ќе полни 36 години има учинок 14.8 поени и 7 скока во 13 НБА сезони.