Борба на карактери: Гвардиола во кавга со најголемите ѕвезди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ниту еден тренер во последните осум години не освоил толку трофеи како Пеп Гвардиола. Сепак, каталонскиот стручнак нема милост кон ѕвездите. Тоа во минатото го почувствуваа Златан Ибрахимовиќ, Самуел Ето, а сега Џо Харт и Јаја Туре. Едноставно, со Гвардиола нема шега, ако вас не ве гледа во своите планови ништи не може да ве спаси.

Тренерската кариера шпанскиот стручнак ја започна во летоо 2008 година.  Пеп Гвардиола немаше тренерско искуство на прволигашно ниво, а по доаѓањето во Барселона одма најави голема промена.

И на големо изненадување најави како Роналдињо, Деко и Ето го напуштаат клубот.

Пеп Гвардиола не сакаше да го поднесува животниот стил на Роналдињо, веќе во план сакаше да го истурка Лионел Меси. Деко не беше во никакви планов ина сегашниот тренер на Манчестер Сити, додека Ето  остана во клубот додека не пронајде замена. За секој случај.  Но, и тој на време мораше да замине.

Камерунскиот напаѓач беше проблематичен на многу  тренери, а Гвардиола не беше исклучок. После фантастичната сезона во која забележа 36 погодоци, а Барселона ја освои тројната круна, Гвардиола за Ето зборуваше како играч кој не се вклопува во неговата екипа.

Во секој случај Барселона беше во комплицирана ситуација. Самуел Еето ја сакаше нов „дил“ пред него беше последната година од важечкиот договор со каталонскиот гигант. Во клубот мораа да донесат брза одлука, па го послушаа Гвардиола и го пуштија во Интер.

„Гвардиола на никогаш немаше храброст на никого работите да им ги каже во лице. Во следната сезона ми подаде рака пред натпреварот Интер и Барселона, но тоа беше фарса. Го направи тоа пред телевизиските камери, пред натпреварот во ходникот не сакаше ни да ме погледне, а камоли да се поздрави“, рече Самуел Ето во 2014 година.

Камерунецот истотака додаде дека Гвардиола со него разговарал само три пати година дена порано. И тоа најчесто за неговото движење на теренот.

„Гвардиола секогаш ми зборуваше како да се движам како напаѓач. Му реков дека не е нормален, но Пеп не респектира такви работи во фудбалот“.

Интересно, по заминувањето на Ето од Ноу Камп стигна – Златан Ибрахимовиќ. А тука имаше уште поголеми проблеми.

Барса го освои шпанското првенство и Светското клупско првенство, но испадна од Интер во полуфиналето на ЛШ. Пеп Гвардиола тогаш се одлучи Меси од крилната позиција да го стави во самиот напад, а Ибрахимовиќ се почесто беше на клупата.

„Немав проблеми со било кој. Никој не може да каже дека сум работел нешто погрешно. Првите месеци се беше одлично, но тогаш нешто се случи. Што? И мене сеуште ме интересира тој одговор. Неколку месеци подоцна “филозофот“ повеќе не ни зборуваше со мене“, се присетува Ибрахимовиќ.

Пеп Гвардиола немаше милост ниту кон клупската легенда Бастијан Швајнштајгер од кого лесно се откажа штом виде дека искусниот играч за врска не е на посакуваното ниво.

Јаја Туре е последен пример. Иако шпанскиот стручнак во текот на летото го пофали својот играч за врска, тврдеше дека го сака во екипата, нивниот однос никогаш не бил на ниво. Јаја Туре беше член на Барселона во првата сезона на Пеп Гвардиола, играше добро, а тогаш на предлог на својот тренер е продаден во Манчестер Сити? Причина? Недостаток на комуникација.

„Кога и да го прашав нешто ми даваше чудни одговори. Навистина ме игнорираше додека не дојде таа понуда од Манчестер Сити. Поради него и сакав да заминам од Барселона. Па не зборувавме речиси година дена. Ќе останев во Барселона ако кон мене се однесуваше подобро. Сакав да ја завршам кариерата во Барселона, но Гвардиола немаше доверба во мене“.

Голем дел од овие игеачи се силни личности и цврст карактер. Сепак, Пеп Гвардиоал знаеше и со такви, во својата кариера немаше многу проблеми со Пујол, Чави, Меси, Лам или Ноер…