„Дали ми недостасува Париз? Ми недостасува платата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ во интервју за канал СФР на хумористичен начин се наврати на периодот поминат во Париз.

Шведскиот интернационалец од 2012 до 2016 година беше заштитен знак на ПСЖ, а во јули во оваа година се пресели на Олд Трафорд како слободен агент.

Дали ви недостасува животот во Париз?

„Ми недостасува мојата плата во Париз“, без многу размислување одговори Ибрахимовиќ.

Колку добар ПСЖ може да биде без вас?

“Не знам. Мислам дека имат многу силен тим и иста филозофија – да освојат се, вкучувајќи и ЛШ“, рече Ибрахимовиќ.