„Златан во живо е уште поимпресивен отколку на ТВ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа изрази восхит кон клупскиот колега Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот на 34 години стигна во Премиер лигата и иако имаше големи сомнежи колку може да пружи во физичко исклучително тешката лига, искусниот напаѓач експресно докажа дека му е местото на Островот.

„Кога го гледате Златан од блиску, тој е уште поимпресивен отколку на ТВ“, рече Де Геа.

„Ибрахимовиќ е многу, многу силен, а неговата контрола на топката е неверојатна. Кога го гледате од страна можеби ќе ви се чини дека не е во игра, а потоа тој постигнува одлучувачки погодок“.