Борусија и Ливерпул ги имаат најдобрите навивачи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ФИФА наградата за најдобри навивачи му ја даде на фановите на англискиот и германскиот гигант.

Навивачите на Борусија Дортмунд и навивачите на Ливерпул ја добија наградата за најдобри навивачи во минатата година од ФИФА.

Тие ги поделија наградите, а во конкуренција се најдоа поради фантастичната атмосфера која ја направија на натпреварот во четвртфиналето во ЛЕ минатата сезона кој заврши со победа на црвените од 4:3.

Тие добија дури 45.9% од гласовите, а на второто место беа навивачите на Исланд кои оставија впечаток на целиот фудбалски свет со навивањето за својата држава на ЕП, а на третото место завршија навивачите на Ден Хаг.