Еве за кого гласаа Горан Пандев и Игор Ангеловски за наградата The Best


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес во Цирих се одржа церемонијата за The Best наградата која ја доделуваше ФИФА, а селекторите и капитените на сите репрезентации исто така го имаа своето право на глас.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски за најдобар фудбалер на годината гласеше за Роналдо, Меси, Гризман, а на ист начин гласаше и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.

Во изборот за тренер на годината, селекторот Ангеловски гласаше за Раниери, Зидан, Симеоне. Капитенот Пандев гласаше за Зидан, Раниери, Симеоне.

Македонскиот новинар, Мијалче Дургутов гласовите ги даде за Џанлуиџи Буфон, Лука Модриќ и Лионел Меси.