Иниеста кажа зошто не присуствувал на доделувањето на наградите – Дали му верувате?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона одбија да присуствуваат на свечената церемонија на ФИФА за наградата најдобар фудбалер во 2016-та година.

Лионел Меси, Андрес Иниеста, Луис Суарез и Жерар Пике требаше да присуствуваат вчера во Цирих, но не беа и се оправдаа дека имаат важен натпревар во купот.

Нивното недоаѓање ги разочара многу фубалски фанови, а Иниеста одлучи да се извини.

„Како капитен на Барселона сакам да му заблагодарам на ФИФА што имам чест да се најдам во најдобрите 11 фудбалери на светот. Сакам да се извинам за недоаѓањето на гала вечерта, но имаме важен натпревар во купот на кралот против Атлетик“, изјави Иниеста.

Дани Алвеш, поранешниот фудбалер на Барселона беше лут на поранешните соиграчи. Диего Марадона го нападна Лионел Меси, а Роналдо кажа дека би било подобро фудбалерите на Барселона да беа во Цирих.