Супер-Лина пред голем предизвик во Мелбурн – Една победа ја дели од историски успех на АО!(ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа е во моментов една од најсветлите ѕвезди во македонскиот спорт.

Таа настапува во квалификациите за Австралијан Опен и веќе на патот до главниот ждреб во првото коло ја елиминираше Саша Викери со 2:1 во сетови, односно 6:2, 3:6 и 6:3. Тоа беше и нејзината прва победа на еден Грен Слем турнир.

Во второто коло од квалификациите таа беше подобра од Галма Далфи, која ја декласираше со 2:0 во сетови, односно 6:1 и 6:1 за помалку од 1 час.

Во третото, а воедно и последно квалификациско коло таа ќе се соочи со Стефани Вогеле која беше подобра со 2:1 во сетови од Амра Садиковиќ која е роден во Прилеп, но живее во Швајцарија.

Ова ќе биде голем предизвик за нашата Лина Ѓорческа која брилијантно ја започна годината, а може да продолжи во тој ритам доколку ја победи Вогеле која досега има играно и против најголемите ѕвезди во тенисот, како сестрите Вилијамс, Серена и Венус.

Во последните 5 натпревари, нашата тенисерка има 3 победи и 2 порази додека Вогеле има 4 победи и 1 пораз.

Но сите цврсто веруваме во неа и се надеваме дека ќе успее да победи и ќе се пласира во главниот ждреб.

Натпреварот кој сите со нетрпение го очекуваме се игра од 04:00 часот, а преносот на натпреварот може да го следите на следниов линк.