„Раниери го доби тоа што го заслужи“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот свет остана без коментар кога Лестер објави дека Клаудио Раниери повеќе не е тренер на оваа екипа.

Сопствениците на англискиот шампион после серија на лоши резултати врачија отказ на Раниери иако само девер месеци пред тоа направи голема сензација.

После тоа се огласија многу играчи и тренери, и сите исто мислат дека италијанскиот стручнак вака не заслужи.

Сепак, има и такви кои со насмевка на лицето дочекаа вест дека Раниери повеќе не е тренер на Лестер, а еден од тие е некогашниот голман на Рома и Ливерпул, Дони.

Бразилецот со својот статус на друштвените мрежи дигна прашина.

„Пред или подоцна сите го добиваат тоа што го заслужуваат. Лагите може да се прикриваат некое време, но се тоа излегува на крајот“, рече Дони за отказот на Раниери.