Германската полиција тврди – Мета на нападот биле играчите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во писмо пронајдено во близина на бомбашкиот напад на тимот на автобусот на Дортмунд, се превзема одговорност за напад, а германското тужителство сеуште не сака да објави кој е автор на ова писмо.

Полицијата истражува три експлозивни направи кои се активирани додека играчите и персоналот на клубот од хотелот поминувале на натпреварот во ЛШ.

Еден од играчите, Марк Бартра е одведен во болница откако добил повреди во овој инцидент, каде е опериран поради скршеницата на зглобот на раката. Другите играчи поминаа без повреда, но натпреварот е одложен.

Од полицијата тврдат дека експлозивните направи биле наменети за тимот на Борусија.

Претседателот на клубот Вацке изјави дека според негови сознанија експлозиите се случиле на излезот од кругот на хотелот, во момент кога тука поминувал автобусот со играчите.

Според информациите на обвинителката Сандра Луцке е пронајдено писмо во кое се превзема одговорност за овој напад, но сеуште се потврдува неговата автентичност.

Експлозијата се случи на 10 км од „Вестфален“ каде требаше да се игра натпреварот помеѓу Дортмунд и Монако.