Избегнат е вистински масакр – Непробојното стакло на автобусот спречи голема трагедија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бомбашкиот напад на автобусот со играчите на Дортмунд предизвика голем шок.

За среќа, со исклучок на Бартра, тешки повреди помеѓу фудбалерите немаше, иако експлозиите биле навистина силни.

Германските медиуми тврдат дека животот на играчите на Борусија ги спасило непробојното стакло на автобусот. И покрај експлозиите, тоа пукнало само на едно место, каде што седел Бартра, а благодарение на ова е избегната голема трагедија.

Да стануваше збор за обичен автобус, најверојатно ќе се случел вистински масакр и би настрадале голем број фудбалери, затоа што според зборовите на сведоците, експлозиите биле многу силни.

Полицијата потврди дека биле 3 експлозии, а пронајдено е и писмо во кое се превзема одговорност.

Неговата автентичност се потврдува и во тек е потрага за извршителите на нападот.