„Инспирација добив од Џерард!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот фудбалер на Тотенхем, Деле Али ја игра сезоната од соништата во Тотенхем, за кој постигна 20 голови во сите натпреварувања.

Тој во разговори за медиумите откри дека негов идол од детството му е Џерард, поради кој ја сменил позицијата на теренот.

„Пораснав гледајќи го Џерард. Тој беше вистинска 8-ка и сакав да бидам како него. Тој ме инспирираше. Некогаш играв како напаѓач, но поради него ја сменив позицијата.“

„Можам и денес да игра во нападот, но јас сум играч за врска. Се чувствувам добро на таа позиција и ми оди добро.“

Али во Тотенхем стигна во 2015-та година од МК Донс, а моментално важи за еден од најдобрите млади фудбалери.