Интер полуде по Симеоне, нудат големо богатство за тренерот на Атлетико!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Интер се решени наредната сезона да го донесат Симеоне.

Симеоне е желба на Интер веќе неколку години и тоа не е тајна, а сега богатите сопственици ќе се обидат да го донесат во тимот од Мадрид.

Подготвени се да платат од 10 до 11 милиони евра по сезона за него.

Симеоне го носеше дресот на Интер како играч, од кој во 1997 година премина во Атлетико, а неговиот син моментално настапува за Џенова.

Интер го сака и Конте, но јасно е дека 10 милиони евра нема да бидат доволно за да го донесат во тимот. Пиоли во моментов е тренер на Интер, но тој е далеку од целите на клубот, па поради тоа ќе замине од тимот.