Ова ќе биде летната бомба на Интер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големи планови има Аусилио, а Интер би можел да има пеколен состав наредната сезона.

Тој присуствуваше на натпреварот помеѓу Монако и Дортмунд во ¼-финале на ЛШ.

Таму се сретна со Мендеш и разговараше за најмалку 2 фудбалери.

Еден од нив е играч на Монако. Станува збор за Фабињо, а другиот фудбалер е Родригез.

Според медиумите, Интер за услугите на овие фудбалери мора да одвои 90 милиони евра. Родригез е поскап, но се верува дека Реал ќе го пушти за 60 милиони евра додека Фабињо би дошол за 30 милиони,

Управата на Интер наводно е подготвена тоа да го плати, само единствен проблем може да биде тоа што Интер најверојатно нема да игра наредната сезона во ЛШ, а можно е да остане и без ЛЕ.