„Два тимови може да ме донесат, а останатите немаат шанси!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Фиорентина, Бернардески се наоѓа на мета на многу гиганти, но изјави дека за него шанси имаат само 2 тимови.

Тој со одличните игри привлече големо внимание на себе, па се шпекулираше за него дека е заинтересиран Јувентус, но тој нема намера да премине таму.

Покрај понудите од Италија, се вклучија и неколку тимови од Англија. Пред се интерес покажаа Арсенал и Челси. Сепак, Бернардески кажа дека доколку ја напушти Фиорентина, тогаш тој би преминал само во 2 клубови.

„Остана уште многу до крајот на сезоната и не сакам да зборувам дали ќе заминам. Знам дека ме сакаат многу тимови, но не сакам да се занимавам со медиумите. Ако некогаш го напуштам тимот на Фиорентина, тогаш би заминал во Интер или Челси.“