„Многу сум среќен, ова е важна победа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус вечерва на стадионот Луј Втори славеше многу важна победа од 2:0 во рамките на првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против Монако.

Стрелец на двата погодоци за Старата дама беше Аргентинецот Гонзало Игуаин.

Тој во двата наврати погоди после асистенција на Дани Алвеш.

Игуаин после мечот рече дека сеуште ништо не е готово.

„Многу сум среќен, ова е важна победа. Носиме дома многу важен триумф. Сега се враќаме во Серија А и се надеваме дека ќе го освоиме Скудетото што е можно побрзо.

Јас секогаш работам напорно и се трудам да дадам се од себе. Многу е важно да останам смирен бидејќи имаме реванш пред себе. Монако е многу силна екипа, но се надеваме на финале.

Јас работам за тимот. Беше важно Јувентус да победи, дури и да не сум јас стрелец, да бидам тоа е ок“, рече Игуаин после мечот.

Да потсетиме, реваншот се игра за шест дена во Торино.