Реал Мадрид израмни неверојатен рекорд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид е поразена на Висенте Калдерон со 2:1 во рамките на реваншот од полуфиналето на ЛШ.

На Мадриѓаните тој пораз беше доволен да се најдат во финале на ЛШ бидејќи во првиот натпревар на домашен терен славеа со 3:0.

Освен тоа, со денешниот погодок на Иско означи израмнување на големиот рекорд на Баерн од 2014 година.

За Реал ова беше 61 натпревар во низа каде што постигнаа барем еден гол, а последен пат не ја затресеа мрежата беше на 26 април минатата година.

Баерн таа низа ја имаше од март 2013 до април 2014 година, а во тој период ги водеше Јуп Хејнкес и Пеп Гвардиола.

Шанса за и во 62 меч да постигнат гол Кралевите ќе имаат во недела навечер кога на домашен терен играат против Севиља.