Манчестер Јунајтед во потрага по замена за Ибра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу е веројатно дека Златан Ибрахимовиќ нема да биде дел од Манчестер Јунајтед следната сезона, па затоа челниците на „Ѓаволите“ се во интензивна потрага по негова замена.

Првичниот избор на Мурињо е Алваро Мората, но од Реал Мадрид не сакаат да го пуштат напаѓачот на „Олд Трафорд“ за сума помала од 80 милиони фунти.

Затоа Мурињо своето внимание го насочи кон уште еден напаѓач кој зад себе има одлична сезона. Станува збор за младиот Андреа Белоти, член на Торино.

Како што пишува „Тутоспорт“ од таборот на Манчестер Јунајтед подготвени се до Торино да испратат понуда во висина од 70 милиони фунти за услугите на репрезентативецот на Италија.