Лео Бонучи: „Серхио Рамос е најдобриот дефанзивец на планетата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Централниот дефанзивец на Милан, Леонардо Бонучи изјави дека неговиот ривал од Шпанската репрезентација, Серхио Рамос е најобриот дефанзивец на планетата.

„Тој е најдобар во светот, човек кој освоил речиси се“. – Изјави Бонучи.

Двете репрезентации, Италија и Шпанија ќе се соочат во битката за првото место од квалификациите за Светското Првенство следанта година.

„Ние имаме тим, кој може да и создаде проблеми на Шпанија, ќе дадеме се од себе иако знаеме дека нема да биде лесно“.

„Во нашата репрезентација имаше смена на генерации, иако ова е млад тим, иднината на нацијата е сигурна, јас се надевам дека ќе можам да го издржам оваа темпо уште неколку години, бидејќи играчите што надоаѓаат како Ромањоли,Калдара се од година во година подобри“.

„Нашата средина и напад, мислам дека моментално се најдобри, со Верати и Белоти, нашиот тим изгледа многу опасно.“ – заврши Бонучи.

Леонардо Бонучи, оваа лето направи конторверзен трансфер, преминувајќи од Јувентус во Милан, за сума од околу 40 милиони евра.