Пет играчи му го „зготвиле“ отказот на Анчелоти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полека се одмотува клопчето околу смената на Карло Анчелоти од менаџерската позиција во Баерн Минхен.

Ули Хенес во свој препознатлив стил истакна дека пет играчи на клубот биле против Италијанецот, а клубот за да не дозволи раскол меѓу играчите донел логично решение да го отпушти Анчелоти.

Бунтот наводно го предводел Роберт Левандовски кој бил незадоволен од стилот на игра на Баерн Минехн. На тоа се доврзала неговата желба да си замине во Реал Мадрид, а бил и против донесување на Родригез и Толисо сметајќи дека клубот треба да донесе супер ѕвезди.

Томас Милер го изгуби местото во првиот тим, минатата сезона ја одигра на катастрофално ниво, беше резерва и сакаше да замине, но Анчелоти не му дозволи трансфер. Германецот бил вториот кој побарал смена на тренерот.

Рибери и Хумелс го платија цехот со лошите игри во шампионатот и беа преселени на клупата за резервни фудбалери. Тоа беше јасен сигнал дека и тие ќе се приклучат на бунтот, а меѓу играчите кои барале смена бил и Роберн кој се солидаризирал со своите долгогодишни колеги.