Германија и Полска одат понатаму, Северна Ирска трета,Украина дома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентациите на Германија и Полска се пласираа директно во осминафиналето, а Северна Ирска уште може да се надева на осминафинале бидејќи заврши трета, репрезентацијата на Украина се враќа дома.

Германија во третото коло играше против Северна Ирска и ја совлада со 1:0. Во 8-ма минута Озил испрати одлична топка до Томас Милер, но фудбалерот на Баерн Минхен шутираше директно во Мекговерн. Потоа Геце пропушти огромна шанса за погодок. Милер во 27-ма минута со глава ја погоди стативата. Само 2 минути подоцна Марио Гомез ја затресе мрежата на Мекговерн и му донесе водство на Германија. Милер повторно шутираше, но овој пат ја погоди пречката. На стартот на второто полувреме Геце пропушти да го зголеми водството на Германија, Мекговерн ја спаси Ирска од примање втор погодок. Гомез со глава шутираше, но Мекговерн повторно ја спаси Ирска. Германија на крајот запиша нова победа, овој пат со 1:0.

Полска ја совлада Украина со 1:0. Уште во 4-та минута Полска се закани преку Роберт Левандовски, но шутираше над голот. Јармоленко во 18-та минута пропушти одлична шанса да ја затресе мрежата на Фабиански. Блашчиковски влезе во игра и постигна погодок во 54-та минута кој беше и доволен за директен пласман на Полска во осминафиналето. Зозуља и Ротан се заканија кон голот на Фабиански, но и двајцата шутираа покрај голот. На крајот 1:0.