Хрватите во шок! Знаете ли каков им е балансот против Португалија?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потешко не можеше да биде, порачаа хрватските медиуми, после расплетот од групната фаза на Европското првенство!

Сите очекуваа победа на Португалија против Унгарија и освојување на првото место во Групата Ф, со што би ја избегнале Хрватска во осминафиналето, но после “лудиот” натпревар против Унгарците и конечните 3:3, Роналдо и соиграчите завршија зад Унгарија и Исланд. па ќе мораат да одат на една од селекциите која досега покажа најмногу на ова ЕП.

Но, изгледа дека таквиот расплет многу повеќе ги разочара хрватските медиуми. Имено, Хрватскиот портал “Индекс” излезе со следниот наслов:

“ЦЕЛОСЕН ШОК, Хрватска го доби најтешкиот противник!”.

Според традицијата и имаат право така да го најавуваат овој натпревар. Хрватска до сега никогаш не ја победила Португалија и не само тоа туку, не ни постигнала погодокот против нив.

На ЕП 1996 година, Португалија ја совлада Хрватска со 3:0, а пота следуваа порази од 2:0 и 1:0 на пријателски средби во 2005 година.

Исто така, се потсетува дека Лука Модриќ има неславен биланс против Роналдо, од времето кога и двајцата настапуваа во Премиер лигата, едниот во Тотенхем, а другиот во Манчестер Јунајтед.