Првото засилување на Мончи ќе му се допадне на навивачите на Рома

Рома пред неколку недели го претстави новиот спортски директор, Мончи.

Поранешниот спортски директор на Севиља нема намера да губи време, па се насочи кон засилувања. Наводно неговата прва мета е дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.

Германскиот репрезентативец не игра многу оваа сезона.

Боатенг не може да поднесе да игра толку малку и изгледа одлучи да го напушти клубот. Од друга страна на Рома ќе и треба засилување во дефанзивата бидејќи би можеле да останат без Манолас или Рудигер кои имаат многу понуди.