Девет најтемпераменти фудбалери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на последните години бевме сведоци на интересни детали од фудбалските терени. Голем дел од тоа беа караници на фудбалерите.

Во продолжение ќе видите некои имиња за кои сигурно веќе имате слушнато.

  1. Рој Кин

Поранешниот играч на Јунајтед не бираше време за остар старт над противнички фудбалер. Ретки беа фудбалерите кои можеа да му се спротистават. Беше чест по караниците на терените.

  1. Пепе

Веројатно прва асоцијација за грбост на фудбалските терени е тој. Играчот на Реал Мадрид зад себе има список на фудбалери со кои имал караници на зелените терени. Тој многу ретко го извлекуваше подебелиот крај од тие дуели, а можеби баш поради искуството кое го има.

  1. Марио Балотели

Иако во текот на историјата имаше многу контроверзни италијански фудбалери, Балотели е веројатно во самиот врв на таа листа. Ако зборуваме само во период од последните 10 години, тогаш Балотели сигурно е на првото место.

  1. Зинедин Зидан

Иако во текот на целта кариера не беше познат како груб фудбалер, сепак тој се надокнади со еден потег со глава и тоа во финалето на СП во 2006 година. Неговата пресметка со Матераци ќе се зборува уште долго, а Зидан доби директен црвен картон.

  1. Џои Бартон

Бартон никогаш не успеа да направи сериозна фудбалска кариера, но тој постојано беше во весниците. Секако, причина беа многу изјави кои ги имаше Бартон без влакно на јазикот. На теренот никогаш не гледаше кој е на спротивната страна.

  1. Златан Ибрахимовиќ

Тој сигурно, по завршување на кариерата, ќе остане запаметен како одличен фудбалер, најмногу поради тоа што се смири во последните неколку години. Швеѓанецот во текот на почетните денови од кариерата имаше многу пресметки со противничките фудбалери.

  1. Ел Хаџи Диуф

Поранешниот играч на Ливерпул, Диуф поради менталитетот никогаш не успеа да го исполни својот потенцијал. Најпознат е по честите караници со противничките фудбалери.

  1. Патрик Виеира

Навивачите на Арсенал го паметат Виеира многу добро. Поранешниот капитен на тимот беше страв и трепет за средината на теренот, а баш таков играч му недостига на Арсенал во моментов. Но постојат и такви што се радуваат на неговото заминување затоа што тимот е многу помирен без него.

  1. Џенаро Гатузо

Кога играа против него, ниту тренерите не беа мирни на клупата. Судиската тројка беше под притисок во текот на цел натпревар, а Гатузо воведуваше ред и мир на теренот, иако немаше свирче.