Поразите од Кил и Веспрем скапо чинеа: Вардар повеќе не е во топ-10 тимови на ЕХФ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Колку многу може да сменат два порази по ред во Лигата на шампиони покажува ранг-листата на ЕХФ, кадешто го нема Вардар меѓу најдобрите 10 тимови.

ЕХФ ја објави новата листа со фаворити за осовјување на европскиот трофеј, а на прво место е германскиот гигант Кил, па по него следат Барселона и ПСЖ. Место во топ-10 добија и Алборг, Монпелје, Пик Сегед, Веспрем, Бидасоа, Порто и Динамо.

Најголема причина за падот на Вардар од топ-10 се големите порази против Кил на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ и Веспрем во Унгарија.

Во моментов Вардар има освоено шест бода и се наоѓа на четвртата позиција, а првопласиран е Кил со девет бода.