Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Европската фудбалска унија (УЕФА) ги повика сите 55 членки да не ги откажуваат националните првенства и порача дека фудбал ќе се игра во текот на летото, а шампионите ќе се добијат наа теренот.
Како што објави „Скај Спорт“, УЕФА испрати писмо до сите фудбалски сојузи откако Белгија вчера го прогласи Клуб Бриж за шампион.
„Сигурни сме дека фудбал ќе може да се игра во следните месеци, а било која одлука да се прекине првенство ќе биде неоправдана. Нашата работна група одржа состанок и дојде до заклучок за финишот на сезоната. Во моментов се прави распоред според кој би се играл фудбал во јули и август, а потоа ќе се играат останатите дуели во европските натпреварувања. Исто така, бараме начин на кој ќе го одредиме почетокот на следната сезона“, пишува во писмото.