Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот суд вчера донесе одлука против германскиот фудбалер Жером Боатенг, кој ќе мора да плати отштета од 1,2 милиони евра поради тепање на неговата поранешна девојка.
Дефанзивецот на Лион минатата година беше казнет со 1,8 милиони евра, а Судот реши да ја намали казната, но добра вест за Боатенг е тоа што се спаси од затворска казна.
Обвинителството бараше условна затворска казна за 34-годишениот германски фудбалер, но Судот не го прифати предлогот.
Боатенг претходно ги отфрли обвиненијата, откако неговата поранешна девојка кажа дека ја нападнал по што ја гризнал и ја влечел за коса, а потоа ја плукнал нејзината крв во лице.