Тажна вест: Исчезна авионот со кој летал најскапиот фудбалер на Кардиф!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Емилијано Сала потпиша минатиот викенд за Кардиф и замина во Нант да се поздрави со своите поранешни соиграчи, но авионот во кој бил исчезнал по пат кон Франција.

Светските медиуми пишуваат дека во авионот биле Сала и пилотот, а тој исчезнал од радарот некаде меѓу Англија и Франција.

Веднаш биле испратени бродови и два хеликоптери да го истражат местото и да видат дали може да го пронајдат леталото.

Сала беше најдобриот стрелец на Нант во претходниот период, откако сезонава постигна 13 голови, па тоа му обезбеди трансфер во Премиерлигата, каде што потпиша за Кардиф за 17 милиони евра.