Тажна порака на Твитер: Сала како да ја предвиди страшната трагедија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Авионот со кој леташе Емилиано Сака, играчот кој за викендот за 17 милиони евра премина од Нант во Кардиф Сити исчезна.

Сала после потписот со тимот од Велс отпатува во Нант за да се поздрави со поранешните соиграчи, но авионот со кој патувал исчезнал од радарот.

Вестта која ја шокираше Франција и Англија доаѓа само 10тина часа после убавата разделба на Сала и Нант, а пораката која овој одличен играч ја објави на Твитер сега звучи бескрајно тажно.

„Последен поздрав“, напишал Сала на фотографијата со доскорашните соиграчи, како да ја насетувал страшната трагедија.

Француската и англиската полиција во потрагата вклучиле и хеликоптери и неколку бродови, но сеуште не е пронајдено ништо.