Навивачите на Нант му оддадоа поддршка на Емилијано Сала (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Довчерашниот напаѓач на Нант, Емилијано Сала исчезна заедно со авионот и пилотот додека леташе од францускиот град кон Кардиф каде во саботата потпиша договор вреден 17 милиони евра.

Во потрагата по исчезнатиот авион се вклучени неколку хеликоптери,  бродови и чамци на локалните мештани, но во овој момент многу е тешко да се очекува дека се е во ред.

Сепак, навивачите на Нант не губат надеж па во голем број излегоа на улиците и му пружија поддршка на својот поранешен напаѓач.