Листа со фудбалери кои донирале пари за да продолжи потрагата по Емилијано Сала (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исчезнатиот авион на Емилијано Сала, кој се движеше од Нант кон Кардиф, не беше пронајден од спасувачките служби, па поради тоа неговото семејство сака да организира приватна потрага.

Полицијата во четвртокот соопшти дека ја прекинува потрагата по авионот, зашто не можеле да најдат никаква трага, а семејството и пријателите побараа помош од светот.

„Скај Спортс“ пишува дека биле собрани 300.000 евра за да продолжи потрагата, а најмногу му се благодарни на Лионел Меси, кој објави апел на Инстаграм по што парите почнаа да пристигнуваат.

Меѓутоа, имаше и фудбалери кои решија да донираат пари на семејството на Сала за да продолжи истрагата. Англичаните ја открија листата со донаторите, но таа не е конечна и најверојатно ќе биде проширена.