Веројатно ни во Јунајтед не биле подготвени на тоа дека Гринвуд ќе заигра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Јунајтед, Мејсон Гринвуд пред два дена дебитираше во ЛШ.

Тој во последните моменти од средбата ПСЖ-Манчестер Јунајтед го замени Ешли Јонг и на тој начин стана најмладиот фудбалер кој настапил за Црвените Ѓаволи во ЛШ.

Тој вече наредниот ден мораше да оди на училиште и да се врати на своите нормални обврски, па веројатно не ни знаел дека медиумите наголемо истражувале еден детал на неговиот дрес.

Очигледно ниту ни во Јунајтед не сметале на тоа дека Гринвуд ќе заигра против ПСЖ, па нивниот „kitman“ (човек задолжен за дресови) очигледно користел броеви кои ги користи „kitman“-от на ПСЖ.

Токму поради тоа на дресот на Гринвуд се појави и грбот на ПСЖ и тоа на бројките на неговиот грб, а сега познато е и зошто.

Како и да е, сигурно ова не им претставува проблем на навивачите на Јунајтед во овие моменти.