Нов кикс на Реал Мадрид: „Кралевите“ не успеаја да го победат Легањес (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид претрпе нов кикс откако не успеа да победи на гостувањето кај Легањес.

Натпреварот одигран на „Мунисипал де Бутраки“ заврши без победник, 1:1. Први до водство стигнаа домашните фудбалери преку Џонатан Силва кој со одмерен удар го матираше Навас во самиот финиш од првото полувреме.

Резултатот го изедначи Карим Бензема на самиот старт на вториот дел откако ја искористи одбиената топка и од втора го матираше противничкиот голман.