Зидан остана без засилување, Реал не успеа да се договори за трансфер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Зинедин Зидан доби можност да потпише договор со големи ѕвезди, а меѓу желбите на „кралевите“ беше и Ферланд Менди од Лион.

Меѓутоа, од пристигнувањето на 23-годишниот фудбалер засега нема ништо. „Л’Екип“ пишува дека Реал не успеал да го заврши трансферот, зашто Лион не сака да го пушти нивниот играч.

Францускиот медиум пишува дека само двајца фудбалер ќе можат да заминат од Лион, а тоа ќе биидат Набил Фекир и Тангај Ндомбеле, само ако понудата биде поголема од 80 милиони евра.

Не е познато дали „кралевите“ ќе се обидат повторно да го ангажираат Менди или ќе тргнат по нови опции, но тоа ќе го дознаеме наскоро.