Јувентус со примамлива понуда: Му нуди двајца фудбалери на Јунајтед во замена за – Погба!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е подготвен да ги понуди Пауло Дибала и Алекс Сандро во замена за фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба.

Англиските медиуми пишуваат дека „бјанконерите“ се надеваат дека ќе успеат со тие двајца фудбалери да ја убедат управата на „ѓаволите“ да го пуштат Погба.

Да потсетиме, Погба веќе играше во Јувентус, кој го продаде во 2016 година на Манчестер јунајтед.

Настапите на Погба во минатата сезона не беа на вистинско ниво и Французинот добива многу критики, па можеби е најдобро да се врати во поранешниот клуб.

Од друга страна, Јувентус бара и нов тренер, а утринава беше објавено дека тие наводно се договориле со стратегот на Челси, Маурицио Сари.