Навивачите на Јувентус започнаа петиција: Сакаат името на Конте да се избрише од имињата на легенди во овој клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот стручњак Антонио Конте од утринава е официјално нов тренер на Интер.

Тоа очигледно го разбуди бесот кај навивачите на Јувентус кои побараа неговата звезда да се тргне од стадионот на Старата Дама.

Меѓутоа, легендите кои го предводеа Јувентус, клубот им оддаде чест со тоа што ги истакнуваат како звезди на стадионот. Тука своето место го најде и Конте чија звездичка навивачите сакаат да ја тргнат.

Тие дури започнаа петиција во која бараат од клубот да им ја исполни оваа желба, а до сега сеуште е иста, според шпекулациите на италијанските медиуми до сега се имаат собрано преку 3000 потписи.

„Антонио Конте беше еден од најсаканите капитен кој играше со срце. Тој после тоа стана тренер и го освои неочекуваниот трофеј од Скудето без добра екипа и после седмото место. Подоцна тој замина два дена пред почетокот на новата сезона најверојатно од причини кои нас не ни се јасни. Тоа не беше добра работа од негова страна, но сепак припаѓа на логиката. Сепак, најлошиот дел е оној каде што Конте ја превзема клупата на Интер“, се наведува во петицијата на навивачите на Јувентус.

Исто така, се додава, по нивно мислиње, Мурињо нема да направи ништо погрешно ако ја превземе клупата на Јувентос, ниту Сари, но со Конте ситуацијата е подруга.

„Овде имаме личност која заминува во клуб каде што моментачно се наоѓаат поединци како Хавиер Занети или Трончети Провере кои никогаш не го криеле своето мислење за Јувентус и кои украдоа трофеј од Скудето од истиот тој Јувентус каде што Конте беше долги години.“, се додава на петицијата.

Сепак, Конте како играч во дресот на Јувентус има одиграно повеќе од 400 натпревари, има освоено пет Скудето трофеи и една Лига на Шампиони. Исто така, во улогата на тренер тој има освоено три Скудето трофеи.