Група по мерка за Македонија за претстојното Европско ракометно првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците во групата за претстојното Европско првенство.

Нашата репрезентација за противници во Групата Б ги доби Чешка, Украина и Австрија. Чесите се еден од нашите најредовни противници и со нив често имаме добри резултати.

Против Австрија и Украина би требало да ја имаме фаворитската улога, па може да се каже дека ова е поволна ждрепка за избраниците на Данило Брестовац.

Групата А е „балканска“ група затоа што во неа се наоѓаат Хрватска, Србија и Црна Гора, а меѓу нив ќе биде и репрезентацијата на Белорусија.

Интересни групи се групата Д каде се наоѓаат Франција, Норвешка, Португалија и БиХ, како и групата Е каде ќе се соочат Данска, Унгарија, Исланд и Русија.