Сари блокирал трансфер на еден фудбалер на Јувентус во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Јунајтед сериозно запнале во своите редови да го донесат фудбалерот на Јувентус, Даглас Коста.

Оле Гунар Солскјер сакаше да донесе фудбалер кој ќе покрива на десната крилна позиција, а изборот паднал на бразилскиот интернационалец.

Дека имало интерес потврди и агентот на Даглас Коста кој посочи дека „ѓаволите“ сериозно притискале за потписот на неговиот клиент.

„Интересот од Манчестер Јунајтед беше силен, клуб кој отсекогаш се интересирал за него. Не беше единствениот заинтересиран клуб за него, но беше најупорниот за Даглас Коста“- истакна агентот на фудбалерот.