Манџукиќ имал прилика да си замине од Јувентус, но не го сакал тоа…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Манџукиќ имал прилика да „избега“ од Јувентус откако клубот не го пријавил за настапите во Лигата на шампионите.

Според „Газета дело Спорт“, хрватскиот фудбалер добил понуда од Ал Гарафа, тим од Катар кој испратил понуда до Јувентус и истата била прифатена.

Сепак, Манџукиќ одибл да се пресели во Катар каде би заработувал далеку повеќе од тоа што го зема во Јувентус. Наместо тоа тој одлучил да остане и да се бори за место во првиот тим, или да направи трансфер во друг европски тим во јануарскиот преоден рок.