Ван Дајк даде џентлментска изјава откако не му беше доделена наградата за најдобар играч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк според многумина беше фаворит за освојување на наградата за најдобар играч за 2019 година во избор на ФИФА, но сепак наградата замина во рацете на Лионел Меси.

По церемонијата на која се додели наградата, Холанѓанецот не беше разочаран поради тоа што не ја доби наградата.

„Разочаран? Не можам да бидам разочаран. Ја прифаќам одлуката на луѓето. Не може да ме споредите мене и Меси затоа што сме целосно различни фудбалери. Многу сум горд што сум тука вечерва“, кажа Ван Дајк.

Сепак, Ван Дајк свое место најде во тимот на годината, откако го предводеше Ливерпул до трофејот во Лигата на шампиони.