Младинците ремизираа со Казахстан и загубија два драгоцени бода во Европквалификациите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 21 година ремизираше во третиот натпревар од Европквалификациите против селекцијата на Казахстан (1:1).

Избраниците на Боби Милевски беа многу поконкретни во првото полувреме кое го добија со 1:0 со голот на Милан Ристовски кој ја искористи грешката на еден од репрезентативците на Казахстан.

До крајот на првиот дел имавме уште неколку зрели прилики преку Чурлинов, Ристовски, Атанасов и Митровски, но истите не ги реализиравме.

Во вториот дел се решивме за нешто позатворена игра, а Милевски повлече некои од најдобрите фудбалери. Тоа како да ни се одби од глава кога Казахстан го израмни резултатот на 20 минути до крајот на средбата.

Ова е прво реми за нас во евроквалификациите по кое пропуштивме да останеме на првото место во групата со максимални девет бода.

Пласман на ЕП обезбедуваат првопласираните тимови од сите групи, како и една најдобро второпласирана. Преостанатите места ќе се бараат преку баражи кои ќе ги одиграат сите второпласирани репрезентации во групите.