Агентот на Роналдо дециден: Не се сомневам дека Кристијано ќе го надмине Пеле…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо на натпреварот против Украина стигна до својот 700. погодок во професионалната кариера.

Високо на листата е легендарниот бразилски фудбалер, Пеле кој има постигнато вкупно 767 голови, а агентот на Роналдо, Жорге Мендеш верува дека тој ќе го надмине неговиот рекорд.

„Не се сомневам дека Роналдо ќе го надмине Пеле и ќе биде најдобар стрелец во историјата на фудбалот. Тоа ќе го направи со Јувентус“ –истакна Мендеш за „Тутоспорт“.