Јунајтед спрема револуција во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед поблиску е до опасната зона, отколку до позициите кои водат во ЛШ, но клубот нема намера да се откаже од целите за оваа сезона.

Во Манчестер веруваат дека е можен голем пресврт и сакаат во јануари да направат големи промени во играчкиот кадар, со цел до крајот на сезоната да се изборат за едно од првите четири места и на тој начин повторно да заиграат во ЛШ.

Тимот на Солскер наводно ќе доживее огромни промени, а медиумите во островот пишуват дека Јунајтед е спремен да доведе дури шест јануарски засилувања.

Засилувањата би биле усмерени во одбраната до нападот, на сите позиции. Се верува дека ќе дојде Манџукиќ од Јувентус, Тони Крос се поврзува со Јунајтед, Џејмс Мадисон од Лестер и Саул Никез од Атлетико Мадрид.

Секако, некои би можеле и да заминат, а најблиску се Пол Погба и Немања Матиќ

Јунајтед во недела има тежок меч со Ливерпул на Олд Трафорд, а Црвените Ѓаволи моментално се дури 13. со девет бодови, додека водечкиот Ливерпул има дури 24 бодови.